Бугарин обвинува дека е измамен од државата откако купил скап автомобил без мотор на аукција

Бугарин кој учествувал на наддавање организирано од бугарската Национална управа за приходи, платил за скап автомобил, но, како што вели – го добил без мотор.

Во документацијата пишувало дека автомобилот бил во многу добра техничка состојба, со 6-брзински менувач, јави Нова ТВ.

Имено, Даниел Николов најпрвин мислел дека дошло до недоразбирање. Откако се испоставило дека наместо на моторно возило, станал сопственик на нецелосен автомобил, мажот побарал да му бидат вратени парите. Меѓутоа, Управата одбила да му ги врати парите.

Одговорните, наместо тоа, го советувале дека треба да го прифати купениот автомобил и сам да си ги бара правата на суд.

 

Back to top button
Close