Бурната животна приказна на Роберто Кавали: Стана татко по шести пат на 82 години, го купи најпознатиот италијански ноќен клуб

Роберто Кавали почина на 83-годишна возраст. Дизајнерот, кој официјално ја напушти сцената пред десетина години, веќе извесно време имаше здравствени проблеми, но досега тоа никогаш не го спречи да ужива во животот максимално, како и секогаш.

Во март 2023 година, славниот моден дизајнер го објави раѓањето на своето шесто дете, кое го доби со својата партнерка Сандра Бергман Нилсон, 38-годишна поранешна Мис Шведска, од него помлада цели 50 години.

По желба на Сандра детето го нарекоа Џорџо, во чест на нејзиниот татко. Само неколку недели подоцна Кавали објави и дека го купил еден од најпознатите ноќни клубови во Италија, Пинета во Милано Маритима. Така, без разлика на се, Кавали немаше ни трошка желба да застане, туку продолжи да ужива во животот

Back to top button
Close