Царовска: Ноторна лага е бришењето на македонската нација од наставните програми

Информациите за бришење на македонската нација од наставните програми сè уште еден од обидите за манипулација, рече министерката за образование и наука Мила Царовска.

-Секој оној којшто може да ја прочита програмата може да види дека секаде во програмата за четврто одделение стои македонски, македонска држава. Така е и сега. И сега постои во програмата и Македонци и македонска држава. Стои граѓаните да изградат идентитет на граѓани, дека припаѓаат на Република Северна Македонија, истакна Царовска во вечерното гостување на Сител телевизија.

Министерката вели дека со лаги и манипулации од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во континуитет се обидуваат да пласираат дека оваа реформа е поврзана со чистење на македонскиот идентитет, со бугарското прашање.

-Тоа се ноторни лаги. Затоа што оваа реформа во образование е нужна и нема никаква врска со други прашања со соседите, или други прашања кои се поврзани со надворешна политика, туку единствено со подобрување на квалитетот на образованието и постигнување на подобри резултати кај нашите ученици, вели таа.

Царовска потсети на последните пресметки на индексот на човечки капитал на Светска банка, и дека со вакви резултати не можеме да создаваме продуктивни граѓани.

-Ние во последните пресметки сме екстремно ниско, што укажува дека само половина од нашите ученици кои денеска се во образование ќе ја постигнат продуктивноста којашто е очекувана, останатите нема да ја постигнат, а тоа укажува дека образованието нема да ги подготви да бидат продуктивни граѓани, потенцира Царовска.

Back to top button
Close