Максимални 3:0 за македонските одбојкари во Приштина против Косово

Македонската одбојкарска репрезентација ја постигна третата победа во Европската лига оваа сезона откако вечерва во дуелот од 5.коло го совлада Косово со 3:0 во сетови (25:12; 25:19 и 27:25). Со овој триумф македонскиот тим ја потврди фаворитската улога во овој натпревар.

Првиот сет македонските одбојкари го добија на убедлив начин со 25:12, а во вториот беше 25:19. Сепак во третиот имаше многу повеќе неизвесност. Противникот имаше постојано водство 14:8, а потоа и 23:17 (во два наврати по шест разлика). Но, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски направија серија од 6-0 за изедначување 23:23, до крајот на сетот македонските одбојкари беа поуспешни со 4:2 и сетот го добија со 27:25.

Утре (сабота) во 20 часот македонската одбојкарска репрезентација ќе игра против Израел, селекција има максимален ефект четири победи на четири натпревари.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close