Часови по патриотизам во руските училишта

Во последните два месеца секоја нова недела во руските училишта започнува со таканаречен „разговор за важни работи“. Подигнувањето на руското знаме е исто така задолжително од 1 септември. Темите за разговор се определуваат од страна на Министерството за образование. Многу од нив се посветени на официјалните празници – Денот на мајката, Денот на таткото или Денот на старите лица. Но, на Денот на учителите, на пример, беше наредено да им се објасни на учениците зошто окупацијата на украинската територијаод страна на руските војници била „историска правда“ – тоа биле „првично руски територии“.

На децата на училишна возраст често им се раскажува за Украина. Марк (името е сменето) оди на училиште во Санкт Петербург. Тој вели дека кога тема бил тероризмот, директорот и наставникот рекле оти Украина извршува напади. „Всушност, на часот требаше да научиме како да се однесуваме во случај на терористички акт“, вели Марк. А средношколец од Калининград вели дека на крајот на октомври директорот на неговото училиште на час по патриотизам рекол дека „Русија постојано е напаѓана од некого и сите сакаат да ја уништат земјата“.

По пропуштање на часот – на испрашување

Родителите кои сакаат да ги заштитат своите деца од такви часови може да наидат на проблеми. Семејството на десетгодишната Варја Шоликер добило пријава во службата за заштита на младите и задолжително психолошко советување во државна институција затоа што се држело настрана од „разговори за важни работи“ во едно московско училиште.

Затоа комисија во училиштето разговарала за однесувањето на нејзината ќерка, вели Јелена Шоликер. Претставник на управата на училиштето, психолог и човек за кој се претпоставува дека е од ФСБ ѝ кажале дека се загрижени што Варја не учествувала во „разговорите за важни работи“. Освен тоа, таа на ВатсАп ја има и таканаречената Света Џавелин, интернет меме во стилот на светица која држи систем за противтенковска одбрана кој во Украина се користи против руските инвазори, а во позадина се украинските национални бои – сина и жолта.

По испрашувањето во училиштето и полицијата, дошле инспектори за да го претресат домот на семејството. Во својот извештај тие посочиле „сомнителни бои“ во објектот. „На лаптопот на Јелена Шоликер беше откриено дека се гледале екстремистички канали, за што мајката нема објаснување. Внатре во станот има сини и жолти бои. Според Јелена Шоликер, таа го сака овој спектар на бои“, се вели во извештајот.

Инспекторите заклучиле дека Јелена „ги проектира своите политички ставови на нејзината ќерка и не врши родителска контрола врз она што се објавува на социјалните мрежи“. Мемето на Света Џавелин покажува дека на десетгодишното девојче му „недостига познавање на историјата на својата татковина и политичката ориентација на нејзината земја и светот“. На мајката и ќерката потоа им е препишано психолошко советување.

Јелена Шоликер се нашла во визирот на властите
Јелена Шоликер се нашла во визирот на властитеФотографија: privat

Тешка одлука за наставниците

Лекциите по патриотизам претставуваат тежок избор не само за родителите, туку и за наставниците. „Порано имаше само изолирани случаи на прогон на наставници поради тоа што го зборувале на социјалните мрежи и присуствувале на митинзи, а ова сега се чини дека е институционализирано. Лекциите за пропаганда сега се систематски наметнати, принудувајќи ги луѓето да изберат дали ќе присуствуваат на нив или не“, вели Даниил Кен, претседател на рускиот Сојуз на наставници. Самиот Кен во септември беше класифициран како „странски агент“ од страна на властите.

Сојузот на наставниците пред суд ја брани московската учителка Татјана Червенко. Таа одби да води „разговори за важни работи“ и даде интервју на тв-каналот Дожд, кој сега се емитува од Латвија, но е наменет за гледачите во и од Русија. Тоа ѝ донесе опомена од раководството на училиштето, која таа ја оспорува. Татјана продолжува да предава во училиштето, но Даниил Кен претпоставува дека ќе ѝ биде даден отказ.

Подобро егзил отколку идеологија

Со прекин на работниот однос заврши долгиот спор меѓу наставникот по историја Раушан Валиулин и раководството на едно училиште во Набережние Челни, голем град во руската република Татарстан. Во август, Раушан морал да оди на состанок на наставници на тема „Специфики на идеолошката образовна работа со деца и педагози“. И „расправите за важни работи“, како што било речено, се дел од идеолошко-просветната работа.

Раушан Валиулин заминал во егзилt
Раушан Валиулин заминал во егзилФотографија: privat

Раушан го критикувал мешањето на државата во неговата работа како кршење на членот 13 од Уставот на Руската Федерација, кој забранува присилна идеологија. Малку подоцна, Раушан добил отказ. Тој на суд докажал дека отказот бил незаконски и дека треба да биде вратен како учител.

Но, Раушан не ја чекал пресудата. Совеста не му дозволувала да се врати во училиштето. Од него ќе се барало „да зборува за важни работи“, а му биле упатени и закани дека ќе се постави камера во неговата канцеларија за да се следат неговите изјави. Затоа тој решил да се пресели во Киргистан: „Сите изјави против војната се забранети. Имам неколку деца и морам да се однесувам одговорно“, вели Раушан.

Back to top button
Close