Чави од раководството на Барселона побара дозвола за уште четири засилувања.

 

 

Тренерот на Барселона, Чави, испратил порака до раководството на клубот за потребата од четири засилувања.

Чави бара нов лев и десен бек, крилен напаѓач и центарфор.

Според каталонската корпорација за аудиовизуелни медиуми „CCMA“, Чави смета дека е недоволен потписот на централниот бек на Челзи, Андреас Кристенсен и играчот од средниот ред на Милан, Франк Кеси. Се истакнува дека приоритет за тренерот е напаѓачот.

Изминатите неколку дена се појавија шпекулации дека напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски потпиша тригодишен договор со Барселона. Подоцна директорот на каталонскиот клуб Матеу Алемани ја демантираше оваа информација.

Back to top button
Close