Чепреганов: Во моментов сме во трета светска биолошка војна, само вакцинација е лекот!

Вакцинација во Македонија против корона вирусот започна пред неколку дена, а според невропсихијатарот Методи Чепреганов, само тоа е лек за да се победи пандемијата.

„Постојат личен профил, профил на нација и т.н. планетарна совет. Три екологии ја потресуваат земјата. Ние во моментов сме во трета светска биолошка војна. Пандемијата е стресна состојба во три смисли – животозагрозени сме, има промени кои настапуваат на психички план и појавата на психосоматски болести. Секоја хронична стресогена состојба прави дисбаланс на организмот. Во иднина ќе имаме реперкусии големи. Планетарната совест е изместена, пореметена секаде и реперкусиите се неминовност. Нема друг лек и бенефит против оваа чума освен вакцинација. Во мојата 64-годишна пракса не сум сретнал лек кој нема секундарни појави. Секој лек мора да има сајд ефект, но тоа се многу мали работи во однос на вакцинацијата. Луѓето се плашат затоа што бизнис-политиката владее“ – истакна Чепреганов во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24.

Back to top button
Close