Чешка го презема претседавањето со ЕУ

Од денеска, 1 јули, Чешка го превзема претседавањето со ЕУ.

Европската Унија ќе ја предводат двајца поранешни ректори на Универзитетот Масарик во Брно, чешкиот премиер Петр Фијала и министерот за европски прашања Микулаш Бек.

Главниот фокус на европската агенда до крајот на годината ќе биде решавање на последиците од конфликтот во Украина, мигрантската криза, енергетската безбедност и зајакнувањето на одбраната и економијата на ЕУ.

Инаку, ова е второ претседавање на Чешка со Советот на ЕУ, во текот на 18-годишното нејзино членство во Унијата

Back to top button
Close