Чешката полиција со луксузно Ферари ќе гони криминалци

Автомобил Ферари, конфискуван од криминалци во Чешка, чешката полиција ќе го користи за да ги гони најагресивните прекршители на чешките закони, јави ДПА.

Сребрениот „Ферари 458 Италија“ кој чини 200.000 евра може да развие брзина од 325 километри на час. Така, тој е погоден, на пример, за бркање на крадци на автомобили кои се обидуваат да преминат од Чешка во некоја од соседните земји, јави ДПА. За преправки на автомобилот одземен од криминалци во полициски автомобил биле потрошени 14.000 евра, јавија локалните медиуми.

Back to top button
Close