Човек осуден на 475 години за организирање борби со кучиња

Винсент Лемарк Барел, од американската сојузна држава Џорџија, е осуден во Округот Полдинг, на 475 години затвор за организирање борби со кучиња и злоупотреба на животни. Меѓу нив се и повеќе од 100 кучиња кои му биле одземени во ноември 2022 година, соопштија властите.

На неговото судење, Барел (57) ги одрекуваше наводите за вмешаност во борбите, но не е јасно дали ќе поднесе жалба на пресудата. Барел е осуден по 93 точки за борби со кучиња и 10 точки за суровост кон животните, а Судот ја изрече максималната казна предвидена со законот.

Според специјалната обвинителка за злосторства врз животни, Џесика К. Рок, ова е најдолгата досега позната казна поврзана со борби со кучиња.

При претресот на неговиот имот во 2022., властите пронашле 107 кучиња, од кои кај многу имало видливи знаци на злоупотреба, како што се неухранетост, жед за вода и несоодветно засолниште, како и физички повреди. Покрај кучињата, на имотот биле најдени докази кои го поврзуваат Барел со организирање борби со кучиња

Back to top button
Close