Црква во служба на ѓаволот?!

Мерсел Биљали

Додека вистината ги обуе чевлите, лагата веќе го пропатувала половина свет – вели Чарлс Спурџен. Но, лагите си имаат краток живот. Секоја лага умира млада. Она што Вучиќ со години го нарекувал успех, младите Срби сега го нарекуваат баксуз. Вучиќ долги години играше улога на „вешт регионален балансер“ помеѓу наводно доминантното проруско расположение кај српското население и прозападните потреби на Србија и нејзините граѓани. Со вешта игра, тој успеа да се продаде од екстремен српски националист во успешен прагматичар и балансер со „прозападна“ ориентација. И Брисел и Вашингтон никогаш не можеа да разберат едно нешто! Зошто така реагираа тие 75 проценти Срби со проруска ориентација кога анкетарите ги прашуваа каде би сакале нивните деца да живеат: во Русија или на Запад? Над 93 проценти од Србите се одлучија за Запад! Јасно е дека џебот на Брисел е посилен од срцето кон Москва! Изгледа екстремната партизација доведе до колективно незадоволство. Не е здраво сто паметни да бидат предводени од едно партиски будала.

Српските студенти сфaтија дека тоа што го имаат во јавниот живот не е систем туку тест за издржливост. Сфатија дека најдобриот начин да направите систем и иднина е самите да ги создадете. Добро сфатија дека ако не ги остварувате своите соништа, ќе се најде некој друг што ќе ги оствари.

Вучиќ, долги годинина глумел „вешт регионален балансер“ меѓу наводното доминантно про-руско расположение кај српското население и про-западите потреби на Србија и на српските граѓани. Со вешта игра, тој од екстремен српски националист успеа да се продаде како прагматичар и балансер со „про-западна“ ориентација. А Брисел и Вашингтон никогаш не можеле да разберат една работа. Како тие 75 отсто Срби со проруска ориентација, кога ќе ги прашувале анкетарите каде би сакале да живеат нивните деца: во Русија или на Запад?, Над 93 отсто Срби ќе се определеа за Западот! Сепак џепот во Брисел е појак од срцето во Москва!

Така, со години Вучиќ истовремено седнува на четири столчиња и јадел од сите четири чинии. Станал миленик и на НАТО, па Србија стасала до „Партнерство за мир“ во таа алијанса. Како таков тој стана миленик и на Вашингтон и на Брисел и користел бројни западни фондови. Стана важен регионален фактор и миротворец. А потајно провоцирал опасни инциденти и тензии (во Бањско, а сега во БиХ), за перманентно биде факторизиран во улога на „пожарникар“ и „миротворец“. Иако, тој едноставно истовремено служеше и како пироман и како пожарникар! Тоа ти било царство на лаги кај што вистината се срамела. Требало време со голо око да се види дека тој ти бил само вешт калкулант со цел што подолго да остане на власт. Деновиве тој отиде во Москва за да присуствува на ритуалот на Путин „волк во овча кожа“, каде што разговараа за правата на овците.

 

За недела дена три несреќи!

Но, како што бива, често зад некоја голема среќа знае да се крие и по некоја голема несреќа, па работите добиваа чуден тек. На среќниот српски водач за десетина дена му се случија три несреќни среќи. Првата несреќана среќа била средбата на српскиот Патријарх Порфириј и епископот Иринеј со претседателот Путин во Кремљ, каде што Порфириј ептен се пожали за српската младина и нивната „шарена револуција“ и до небо ја пофали „ангелската“ политика на Вучиќ, јасно престројувајќи се на страната на ѓаволот. Тоа многу ги разгневи српските студенти и целата нормална јавност во Србија, а и создаде голем раскол во самата СПЦ. Со таква црковна поддршка за српскиот претседател и со грубо осудување на продемократските движења во својата држава, патријархот Порфириј ја отуѓи Црквата од народот. Букфално ја стави во служба на ѓаволот! Против тоа сега се и бројни свештеници на самата Српска православна црква. Сликите од таа средба разбеснија бројни граѓани вклучително и дијаспората во ЕУ и САД. За побожните христијани е тешко да се поднесат слики од воинствениот Путин како седи на маса и се смее со луѓе во црни мантии. Ниту еднаш не бил споменуван зборот Украина, ниту стотиците илјади мртви и ранети, ниту депортирани деца, ниту уништувањето на над 630 православни цркви и манастири во Украина. Моралниот компас на Путин е познат, но тешко се поднесува свештенство што зборува во има на Господа, каде што аплаудира ѓаволот!

Српската младина што со месеци маршира низ градови и села, не само што се ентузијастички пречекани од населението, туку по правило, и од локални парохиски свештеници биле благословени. Шест митрополити и владици, вклучувајќи го многу популарниот митрополит на СПС во Германија, Григорије Дуриќ, Епископ на Диселдорф и цела Германија и неколку владици во Соединетите Американски Држави и митрополитот црногорско-приморски – Јоаникије, во своето писмо изразија солидарност со српските студенти. Тие очекуваат средбата на патријархот со Путин критички да биде дискутирано на годишниот Синод на СПС во Белград кон средината на мај.

Втората голема несреќна среќа е „историскиот“ дебакл на Вучиќ на донаторската вечера кај американските Републиканци во Флорида. Вучиќ со недели лажно ја најавувал својата „службена“ посета на САД, вклучувајќи дури две средби со Трамп. Се обидел шверцерски да влезе во донаторска конференција со лажно име, и кај што странците според законот не сме да бидат донатори! Според сигурни информации, Вучиќ се обидел да присуствува на вечерата преку тамошни српски сомнителни бизнисмени. Токму затоа Вучиќ и неговиот тим биле „културно замолени“ да го напуштат местото и дека на тој начин нема да добијат средба со Трамп. Букфално на срамен начин тој бил протеран од САД, како што израелскиот премиер Нетанјаху направи со Милорад Додик. Се споменуваат најмалку две сомнителни компании кои допринеле за скандалот: „Ааа Holding“, наводно поврзана со Звонко Веселиновиќ, и „Маybash International Group“.

Сè повеќе информации што излегуваат на виделина за дипломатскиот дебакл што го доживеа Вучиќ и дружбата за време на викендот во Флорида, упатуваат на заклучокот дека информациите за влошената здравствена состојба на Вучиќ всушност се само за прикривање на големиот скандал. Ако Вучиќ навистина се разболел (болки во градите), ниту еден нормален не може да разбере зошто не бил веднаш хоспитализиран во САД, па морал многу саати во таква состојба да лети за Србија! Едноставно, тој избегал од страв за да не биде прогласен за „персона нон грата“! Човек кој се лаже себеси и верува во своите лаги, станува неспособен да ја препознае вистината, ниту во себе ниту во некој друг, и на крајот ја губи почитта и кон себе и кон другите.

Третата несреќна среќа за претседателот Вучиќ се случи при патувањето за Москва, оти во Баку (главен град на Азербејџан) бил задржан без објаснување неколку часа блокиран во аеродром. Штом измамата се појавува на вратата, довербата исчезнува низ прозорецот. Лагите можат да истрчаат спринтови, но вистината може да истрча маратон. На несреќниот Вучиќ преку ноќ му испадна сите тие убави паунови пердуви и стана како расчупана чавка. Со години истовремено се продавал како европски, американски, па и руски човек. „Американизмот“ особено сега му бил многу потребен за да ги надхитри студентите кои во голема мера се прозападно ориентирани. Дури почна да глуми важен „американски човек“. Печел свинско за Трамп-јуниор и најавувал важни средби со Трамп, и тоа два пати во едно исто патување. Арно ама седејќи истовремено на повеќе столчиња тој падна на грб и тешко го повреди хрбетот ако случајно го имал, а од џеповите му испаднаа сите четири различни говори наменети на сите четири страни на светот! Се знае дека лицемер, мери се освен своето лице. Вучиќ бил тргнал горд за САД (Флорида), ама се врати докрај понижен!

 

Како понатаму?

Вучиќ како напуштена љубовница, од инает на Западот тргнал во одбележувањето на Денот на победата над фашизмот што се оддржува секоја година на 9. Мај во Москва на Црвениот плоштад. Тој и словачкиот преседател Фицо, наместо да патуваат два и пол часа до Москва, патуваа цели шест низ Романија, Турција, Ерменија и Азарбејжан, оти Летонија и Литванија го забранија летот. Башка разочарување што сите странски гости на московскиот аеродром биле пречекани од заменикот руски премиер Александар Новак, а само Вучиќ бил пречекан од заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, што во дипломатијата се смета за големо понижување. Дали со тоа лукавиот Путин сакал да му достави до знаење на Вучуќ дека Русија не е држава „резервна гума“ за по „шутнењето“ од страна на Вашингтон, да му обезбеди потребно гостопримство на Вучиќ како утешна награда! Башка што дури таквата глума на русофилија на Вучиќ ќе му чини многу и во однос на европските фондови и европскиот пат.

Сега Вучиќ е во спрегите на Путин, оти тој сега силно му ја контролира многу важната спрега на државата – врвот на СПЦ, која на Вучиќ му беше важен чамец за спасување од повеќемесечни поморски несреќи. Но, за вучиќевото владеење сега тоа не е само обична „поморска“ несреќа, туку голема политичка аварија. Последниве месеци, режимските медиуми во Србија се обидоа Вучиќ да го претставуваат како „врвен креатор“ на светската политика, повикувајќи се на „блискоста“ со Трамп. Овој пристап продолжува и сега кога се околу него е срушен. Трамп го исфрли, а Путин го понижи. Таквата афект игра дополнително ќе му ја комплицира надворешнополитичката позиција на српскиот режим. Брисел ќе ги парализира преговорите и ќе крати фондови. А студентите ќе добијат на сила. Никој жив веќе не го брани Вучиќ. За своја геополитичка цел и Вашингтон, и Брисел и Москва секој за свој интерес ќе тргне по нов српски играч.

Наташа Драгојловиќ, координаторка на Националната конвенција на Србија во ЕУ, со иронија вели дека „посетата на Москва би можела да ја чини Србија европски фондови. Да не се изненадиме ако во блиска иднина, наместо Хрватот Тонино Пицула како постојан известувач на Европскиот парламент за Србија, таа позиција дојде некој Албанец од Албанија“! Атеистите најдобро знаат како да станат бог, но времето ќе покаже дали тој „бог“ воопшто заслужел да биде барем човек! Оти штом нормалноста ја направите невозможна, тогаш пропаста станува неизбежна!

 

Back to top button
Close