Црна Гора почнува своја вселенска програма
Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на денешната владина седница најави дека Црна Гора покренува своја вселенска програма.

Тој најави и дека ќе ги поддржи иноваторите со пари од економското државјанство.
– Државата не сака да препушти сè на ентузијастичките млади луѓе, туку и да ги поддржи. Се надевам дека нашиот Луча гордо ќе служи во догледна иднина. Нашиот сателит ќе биде во орбитата како сателитите на многу земји, рече тој.
Црногорскиот премиер вели дека најголемата пречка за иноваторите е администрацијата која ќе треба да се усогласи.
Тој додаде дека очекува црногорскиот сателит со помали димензии за краток рок да биде во вселената.