Д-р Беќаровски: Ако не ја примите вакцината на „Фајзер“, се зголемуваат шансите да ја користите нивната вијагра

Споделувајќи истражување од Универзитетот во Мајами, во кое се посочува дека прележувањето на ковид-19 има големо влијание врз импотенцијата и машкото сексуално здравје, д-р Нико Беќаровски им порача на балканските мажи дека ако продолжат со инаетот, „Фајзер“ пак ќе им ги земе парите.

 

 

– Почитувани мои Балканци, ако продолжите со надалеку познатиот инает и не се вакцинирате, „Фајзер“ пак ќе ви ги земе парите, овојпат преку вијагра.

Шансите да станете импотентни по прележување на ковид-19 ви се шест пати поголеми!

 

П.С. Вирусот го напаѓа и срцевиот мускул и шансите по конзумирање на вијагра да завршите во болнички кревет отколку во посакуваниот ви се далеку поголеми, стои во неговата објава на Фејсбук.

Back to top button
Close