Да се срамни со земја куќата на смртта, и таму да се засадат 59 јаблани за младинците и еден бор за возачот Илчо, предлагаат жителите на Кочани

Објектот во кој згаснаа животите на нашите деца, не смее повеќе да постои, туку треба да се срамни со земја! На истото место да се направи парк, во чест на жртвите. Самата глетка на таа штала е преболна за народот, нека помине уште една недела и нека се прати багер, се да сруши до темел, апелираат жителите на Кочани на социјалните мрежи посветени на општината.

Предлагаат на местото каде сега стојат руините од таканареченото кабаре Пулс, да се засадат 59 дрва, јаблани, во чест на младинците, и еден бор, во чест на возачот во Итната помош во Кочани, Илчо Гоцевски, кој почина по кобната ноќ, откако успеал да превезе во болницата во Кочани, но и во околните градови, 32 повредени младинци

Back to top button
Close