Далас отпечати маици за благодарност кон Дончиќ, тој им даде 45 поени

Раководството на Далас маверикс подготви маички за навивачите во пресрет на домашниот натпревар против Лејкерс во регуларниот дел од сезоната во НБА. Мечот во Далас одигран ноќеска беше прв за кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ против неговиот поранешен клуб.

Маверикс на сите навивачи ќе им поделат маици на кои на словенечки ќе пишува „Ти благодариме за се“.

Новинарот Грант Афсет појаснува дека Далас не може да користи име, слика или лик на играч од друг тим.

Дончиќ беше трејдуван од Далас во Лејкерс на 2 февруари.

Натпреварот заврши со победа на гостите од Лос Анџелес 112:97, а токму Дончиќ беше најдобар на теренот со 45 поени, осум скокови и шест асистенции

Back to top button
Close