Данела Арсовска: Секој има слобода и право на достоинствен живот!
Секој има слобода и право на достоинствен живот
Поддршка за Коалицијата Менуваме за остварување на нивните барања за обезбедување на активна вклученост во економскиот, културен и општествен живот на лицата со попреченост, права загарантирани согласно меѓународните конвенции и Уставот.
☑️ 1. Зголемување на додатокот за попреченост и зголемување на детскиот додаток
☑️ 2. Отворање регионални и дневни центри за рехабилитација за лицата со попреченост
☑️ 3. Намалување на старосната граница од 26 на 18 години за лицата со хендикеп кои немаат интелектуална попреченост, за остварување на права од социјална и здравствена заштита
☑️ 4. Ангажманот на личните асистенти да биде со засновање редовен работен однос со што би се овозможил континуитет
☑️ 5. Овозможување редовен организиран превоз за лицата со попреченост
☑️ 6. Обезбедување помагала потребни за достоинствен живот со кои им се олеснува секојдневието на товар на Фондот за здравство
☑️ 7. Да се воспостави национален регистар според кој ќе може поедноставно да се детектираат потребите на лицата со попреченост