Дани Алвеш во „привремен притвор“ со платена кауција од еден милион евра

Судот во Барселона донесе одлука за ослободување на Дани Алвеш од затвор со кауција од 1 милион евра до конечната пресуда за Бразилецот.

Алвеш беше затворен во процесот во кој беше одлучено дека силувал 23-годишна жена во ноќен клуб во Барселона на крајот на 2022 година.

Еден од најтрофејните фудбалери во историјата неправосилно е осуден на четири ипол години затвор поради силување. Одлучено е дека на 30 декември 2022 година силувал 23-годишна девојка во ВИП делот на ноќен клуб во Барселона. Судењето на екс фудбалерот заврши на 7 февруари годинава, а 15 дена подоцна тој ја дозна пресудата.

Обвинителството побара затворска казна од 9 до максимум 12 години.

Адвокатите на Алвеш го бранеа со фактот дека бил пијан. Претходно, неговото барање за кауција беше одбиено поради страв дека ќе побегне во Бразил, кој не ги екстрадира своите државјани осудени на затвор во други земји. Се тврди дека стравот од ова сега е намален.

Алвеш е приведен од 20 јануари минатата година. Тоа значи дека таму поминал една година и два месеци. Тоа време се смета за издржување на казната на која е неправосилно осуден.

Заедно со казна од 150.000 евра, Алвеш доби забрана за пристап до жртвата во период од девет и пол години.

Back to top button
Close