Даниела Алексовска стана Европска шампионка во ММА

Од Македонската федерација за ММА денес соопштија дека Даниела Алексовска, членка на „Д Стронгест“, освои златен медал на Европското ММА првенство 2025, кое годинава се одржа во Белград. Ова е втор нејзин значаен успех, по освоениот сребрен медал на Европското првенство минатата година.

Во финалето на женската дивизија, Алексовска ја совлада Анастасија Хородивска од Украина – актуелната светска вицешампионка, во првата рунда за помалку од една минута со зафат (триаголник), освојувајќи ја првата европска ММА титула за Македонија во женска конкуренција.

„Овој успех претставува значајна победа за македонскиот ММА спорт, а Алексовска уште еднаш докажа дека припаѓа на европскиот врв“, велат од федерацијата.

Back to top button
Close