Даниловски: За британската мутација на Ковид 19 маските треба поригорозно да се носат

„Засега има три мутации на вирусот, засега се дознава дека вакцината на Фајзер и Модерна делуваат и на јужноафриканскиот сој на вирусот. Откриено е дека британската варијанта е 35% позаразна од оригиналниот тип, а јужноафриканскиот сој е 75% позаразен.

Се претпоставува од искуството на Британија дека клиничката слика не е поразлична, но преносливоста е поголема. Ќе заболат повеќе луѓе, веројатно ќе има и повеќе починати. Истите мерки кои се преземаат за постоечкиот вирус функционираат и за британскиот сој. Треба маските поригорозно да се носат и дистанцата да се држи по внимателно.

Ова не треба да не изненадува. РНК вирусите се нестабилни, мутираат многу често“ – вели Драган Даниловски, универзитетски професор, епидемиолог во Студио 10 на ТВ24.

Back to top button
Close