„Дарежлив вторник“ по прв пат во земјава

Во организација на Центар за социјални иницијативи Надеж и Хуманитарни акци.мк денеска по прв пат во земјава како дел од глобалното движење ќе биде одбележан Giving Tuesday – „Дарежлив вторник“.

„Дарежлив вторник“ е создаден во 2012 година како едноставна идеја: ден кој ги поттикнува луѓето да прават добро. Оттогаш, тоа прерасна во глобално движење во кое се вклучени повеќе од 85 земји од целиот свет и кое инспирира стотици милиони луѓе на овој ден да даруваат, да соработуваат и да го слават добродетелството.

Целта е на овој ден да се сплотат што поголем број организации, активисти и граѓани кои ќе се вклучат со промовирање на своите мисии и активности, ќе донираат, волонтираат, ќе споделуваат добрина и љубезност.

Централниот настан ќе се одржи денеска од 13 до 17 часот во Паркот на франкофонијата, до Градскиот стадион во Скопје.

Back to top button
Close