Даштевски ги оцени изборите за успешни

Среќен сум што изборниот процес помина без поголеми проблеми. Се гласаше регуларно, законски. Среќен сум што сè помина во најдобар ред“, истакна претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, на конференцијата за медиумите, оценувајќи ги изборите за „генерално успешни“.

Како што истакна Даштевски, во текот на денот до ДИК пристигнале 286 приговори од граѓани за повреда на гласачкото право. Притоа 217 од приговорите биле прифатени, 19 одбиени, а 34 биле неосновани. Во процес на обработка се 16 од поднесените приговори.

На поставено новинарско прашање за евентуално поништување на гласањето на некои од избирачките места, Даштевски истакна дека допрва ќе се разгледуваат записниците. Од тие записници ќе зависи дали ќе има евентуални прегласувања

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close