Даштевски најави можно продолжување на времето за гласање

На многу избирачки места има гужва, но секој ќе може да го искористи гласачкото право, дури и ако треба гласањето да трае подолго, истакна предмалку на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

-Прво, избирачкиот список има двојно повеќе страни поради многу кандидати. Потоа, една четвртина од списокот на МВР за отпечатоци е лош. И трета причина се ковид мерките, поради што споро се одвива гласањето – рече Даштевски.

Сепак, тој најави дека секој ќе го искористи гласачкото право, и притоа ги повика сите да излезат на гласање.

Back to top button
Close