Давитковски: Предлогот за скратување на работната недела за администрацијата е смешен и нерационален

Предлогот администрацијата наместо 40 да работи по 36 часа неделно за професорот Борче Давитковски е смешен и нерационален.

Законот предвидува наместо 40 часа, администрацијата да работи по 36 часа во неделата или по 8 часа од понеделник до четврток и само 4 часа во петок. Законот го подготви Министерството за информатичко општество и администрација, а со членот 55 кој се однесува на работното време се предвидува дека полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок.

Според него, невообичаено и смешно е да се предложи администрацијата да работи од понеделник до четврток по осум часа дневно а во петок да има четири часовно работно време.

„Крајно нерационално е на административните службеници да им се даде скратена работна недела, од она што го предвидува Законот за работни односи според кој работната недела трае 40 работни часови, рамномерно распоредени на пет работни дена. Од друга страна, нелогичното произлегува и од фактот што економскиот сектор од кој практиочно се обезбедува платата на тие службеници, со овие измени ќе работи подолго од администрацијата. Сметам дека причината е лукративна во пресрет на локалните избори и е своевидно додворување на околу 140.000 административци. Сите држави во рамки на реформите што ги прават на администрацијата, предидуваат поголема достапноста на институциите за да може секој граѓанин да ги заврши своите обврски, а кај нас се прави спротивното – се предлага, службениците во петок по само четири часа работа да си заминат дома”, вели тој за „Локално“.

Професорот Давитковски не гледа прецизна причина зошто повторно се прават измени на Законот за административни служеници кој, како што, вели е релативно нов (од 2014 год).

„Се сè прави во интерес на политиката”, додава тој во изјава за „Локално“.

Back to top button
Close