Дејан Чиплаковски по трет пат го фаќа Чесниот Крст во Берово

Дејан Чиплаковски од Берово е среќниот фаќач на Чесниот Крст од водите на река Брегалница во Берово по повод празникот Богојавление Водици. Чиплаковски повеќе пати учествува на оваа традиција, а досега трипати го има извадено крстот од реката Брегалница во Берово.

-По трет пат го фаќам крстот. Бог се јави и за многу години празникот Водици. Здравје среќа на сите, истакна Чиплаковски.

Честитки до среќниот фаќач на крстот упати и градоначалникот на општината Звонко Пекевски кој на Чиплаковски и неговото семејство им посака да ги следи добро здравје и среќа во текот на годината.

Општина Берово среќниот фаќач на крстот го награди со вредносен ваучер од 10.000 денари, Зегин обезбеди 15.000 денари, а Чиплаковски доби подарок телевизор од фирмата Мис Стон.

Претходно по повод Богојавление Водици се одржа црковна литургија.

Back to top button
Close