Видео: Дебрешани бараат вода, протестот пред Општина Гостивар заврши со инцидент

Со празни кофи и извици „Сакаме вода“, жителите на Дебреше протестираа пред Општина Гостивар поради долгогодишниот проблем со водоснабдувањето.
Револтираните жители порачаа дека повеќе не сакаат ветувања, туку конкретни решенија, особено пред доаѓањето на иселениците во летниот период.
За време на протестот дојде до кратка ескалација кога дел од насобраните се приближија до влезот на општинската зграда и беше скршено стакло од вратата. По апелите за смирување, протестантите се повлекоа.
Од Општина Гостивар соопштија дека проблемот трае со децении и дека веќе се работи на нов водоводен вод и санација на изворот над селото, со цел подобрување на снабдувањето со вода. Оттаму побараа разбирање и трпение од жителите додека траат активностите.
Жителите, пак, предупредија дека доколку проблемот не се реши, повторно ќе излезат на протест и ќе ги радикализираат своите барања.
Видео на следниот линк






