Дефект на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, се работи на негово отстранување

– Дефект на склопка во пумпната станица на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро доведе до излевање отпадни води во езерото кај селото Пештани.

Според појаснувањето од ЈП „Колекторски систем“ се работи за дефект на електрична склопка на пумпната станица кај хотелот „Гранит“, што резултира со нарушување на работата на тој крак од системот.

– Екипи на јавното претпријатие работат на санирање на дефектот, а во меѓувреме инсталирана е потопна пумпа за собирање на отпадните води од системот. Очекуваме во текот на денот проблемот да биде целосно решен, појасни директорот на „Колекторски системи“ Владимир Алексијоски.

Тој додаде дека во рамки активностите за ревитализација на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро се одвиваат непречено, согласно предвидената динамика. Моментално се работи на потегот на системот кај поранешниот хотел „Парк“, како и на репарација на неколкуте полжни пумпи.

Се очекува предвидената санација на Колекторскиот систем да заврши во предвидениот рок, односно пред стартот на летната сезона.

Back to top button
Close