Дел од министрите го бојкотираа говорот на Лавров и ја напуштија салата

Дел од министрите на самитот на ОБСЕ, ја напуштија конференциската сала кога почна говорот на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров. Во знак на бојкот, тие излегоа од салата, додека зборуваше рускиот министер.

Лавров го почна говорот со обвинувања кон земјите од НАТО и ЕУ, посочувајќи дека ја уништиле воено-политичката димензија на ОБСЕ. Тој нагласи дека Организацијата е во лоша состојба и дека била уништена уште во 1999 година.

Ја обвини Европа дека има проблем со фактографијата и со објективноста и дека заклучоците што ќе се усвојуваат на ОБСЕ овие два дена се подготвени однапред.

Лавров ги спомена и санкциите што Западот и ги воведе на Русија.

Некои министри го откажаа своето присуство на самитот, поради Лавров и руската инвазија на Украина. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, како и шефовите на дипломатиите на ЕУ и Биртанија, Жозеп Борел и Дејвид Камерон, заминаа пред да пристигне рускиот шеф на дипломатијата.

Back to top button
Close