Дел од улицата „Христо Татарчев“ денеска без вода

 Поради уличен дефект на цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Христо Татарчев“ бр.79 во Скопје, кај вила „Христина“, денеска без вода ќе бидат дел од корисниците од улицата.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:30 часот до завршување на дефектот. 

Back to top button
Close