Дел од забранетите шеги кои биле кажани во погрешно време и на погрешно место

Познато е дека комичарите со своите шеги и настапи честопати одат по тенката линија меѓу остриот хумор и – навредите и јавно (не)прифатливиот говор. Откако комичарката Ејми Шумер неодамна објави дека продуцентите ѝ забраниле да се шегува на сметка на Алек Болдвин и несреќното убиство на снимањето на филмот „’Рѓа“, но и скандалот со шлаканицата на Вил Смит врз комичарот Крис Рок, порталот „Базфид“ (BuzzFeed) издвои уште неколку случаи во кои настапувачите морале „да се самоцензурираат“ на сцената…

1. Водителката и сценска комичарка Ники Глејзер на телевизиски настап на „Комеди централ“ не смеела да каже виц за Кејтлин Џенер, позната американска спортистка која порано беше маж што си го промени полот… Но, и јавна личност која учествувала во четири сообраќајни несреќи. Во една од нив загинала жена.

Ники, како што потоа беше откриено, би кажала шега во стилот: „Кејтлин Џенер, каква убава жена… Беше усмртена од Вашиот автомобил пред четири години“.

2. Истата комичарка, исто за Кејтлин Џенер, сакала да се пошегува и за тоа дека, наводно, таа ги гледа своите деца поретко отколку Стиви Вондер – неговите. Забелешка: Вондер е пејач кој го има изгубено видот.

3. На комичарот Џеф Рос, во специјален настап на „Комеди централ“ наречен „Печено со Џастин Бибер“, му била исечена шега за Пол Вокер – глумецот кој загина во сообраќајна несреќа со силен судир во две дрвја и експлозија.

Имено, Рос го цитирал Лудакрис (рапер и колега-глумец на Вокер во филмовите „Брзи и Бесни“), и неговите зборови „Мрдни, ку**о, тргни се од патот“, па додал дека Пол требало да му го каже тоа на дрвото. Ниту Лудакрис, ни Џастин Бибер не се насмеале на шегата.

4. И Пит Дејвидсон раскажал виц за Пол Вокер, што бил исечен: „Џастин Бибер лани беше уапсен поради брзо возење. За жал, тој не бил со Пол Вокер”.

5. Глумицата-комичарка Витни Камингс раскажа како еднаш била цензурирана поради шега за Брет Ратнер – режисер и продуцент обвинет за сексуално вознемирување. Таа, имено, рекла дека во Холивуд, некој мора „да пуши“ Ратнер, ако сака да добие улога во негов филм, но таа „би пушела“ само за тој да престане да снима филмови.

6. Мишел Волф еднаш домаќин на прес-конференција во Белата куќа во 2018 година, на која традиционално присуствувале и претседателот и потпретседателот на САД. Нејзе не ѝ било дозволено да ја каже следнава шега: „Би било одлично ако Хилари беше претседателка… Ќе покажеше дека жената навистина може да постигне сè – само ако нејзиниот сопруг прв го направил тоа“.

7. Ентони Џеселник еднаш не смеел да каже шега за семејството на Чарли Шин, на барање на познатиот глумец. Вицот гласел: „Чарли, имаш одлично семејство… Брат ти е Емилио Естевез, татко ти е Мартин Шин, а мајка ти е гл**ава ку**а“.

Back to top button
Close