Демири: Јавноста да знае дека на Државна Кардиохирургија е направен криминал


Министерот за здравство Илир Демири изнесе сериозни податоци за ЈЗУ Клиника за кардиохирургија во вечерашното гостување на телевизија Телма. Тој е дециден дека на оваа клиника од витално значење за Македонија е зголемена смртноста и тоа на кардиохируршките интервенции кои се многу посложени и покомплексни од васкуларните интервенции каде вообичаено е да нема висока смртност.

Демири вели дека кога во статистиката на болницата би се видело тоа колкава е смртноста кај кардиохируршките интервенции, тогаш она кое би излегло во јавноста би било страшно. Демири изнесе податок дека имало тројца кардиохирурзи од Србија, кои наводно оперирале на ЈЗУ Клиника за кардиохирургија без лиценца од македонската Лекарска Комора и дека тоа се случувало во склоп на програмата за превенција на кардиоваскуларни заболувања која ја води Ангела Ефтимовска .

Проблемот е следниот: Ние плаќаме дневница од 700 евра на еден светски познат кардиохирург а доаѓаат по тројца четворица во екипа. Тие се анонимуси, не се познати, немаат никаква биографија. Македонската јавност треба да ја знае вистината и да не ме обвинуваат дека сум против Кардиохирургија.

Не сум против Кардиохирургија, туку сум против криминалот што е направен во Кардиохирургија. Тројца од лекарите што се вклучени во операциите а тоа се Алексиќ, Чубрило, Лазовиќ, немаат лиценци.

Back to top button
Close