Демократите бараат проверка на способноста на Трамп за вршење на функцијата

Во САД се појавија нови политички повици за активирање на 25-тиот амандман од Уставот, со цел евентуално отстранување на претседателот Доналд Трамп од функцијата, откако тој упати остри закани кон Иран и изјави дека „целата цивилизација би можела да исчезне“ доколку Техеран не се повлече.
Според извештаи, дел од демократите во Конгресот сметаат дека ваквите изјави, заедно со контроверзните постапки околу досиејата поврзани со Епстин и јавните напади кон папата Лав XIV, укажуваат на неспособност за нормално извршување на функцијата. Поради тоа, тие се повикуваат на 25-тиот амандман, кој овозможува смена на претседател ако не е способен да ги извршува своите должности.
Актуелната дебата е дополнително засилена од изјави на поранешни политички сојузници на Трамп и дел од јавноста, како и од анкети кои покажуваат намалена доверба во неговата ментална стабилност и способност за управување со државата.
Сепак, експерти и поранешни високи функционери оценуваат дека шансите за активирање на 25-тиот амандман се мали, бидејќи за тоа е потребна широка политичка поддршка во Конгресот, која во моментов не постои.
Извор: skopje1.mk






