Денеска ќе биде погребан баритонот Ристе Велков

Погребот на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, ќе се одржи денеска, 23 мај 2026 година, на гробиштата во скопската населба Нерези.
Од Националната опера и балет информираа дека телото ќе биде изложено во капелата во 15:00 часот, додека погребната церемонија ќе започне во 16:00 часот.
Матичната куќа со голема жалост се прости од својот долгогодишен истакнат член кој остави голем белег на сцената.
„Со длабока почит и тага ќе се простиме од нашиот колега, уметник и пријател, чиј исклучителен глас и уметничко творештво оставија неизбришлива трага во македонската оперска уметност“, стои во објавата.
Оперскиот уметник е дел од четирите лица кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци.
Во трагичниот настан покрај оперскиот баритон Ристе Велков (51), животот го загубија и неговиот син Адам Велков, како и нивните другари Марко Ѓорѓиевски и Петар Миланов.
Сите три момчиња кои биле сопатници во возилото биле на возраст од 20 години.
Извор: press24.mk






