Денеска во Белград почнува судењето на родителите на Коста, 14-годишникот кој уби 9 соученици и чуварот

Денеска во Вишиот суд во Белград ќе почне судењето на родителите на Коста К.(14), кој уби девет ученици и еден обезбедувач во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар.

На судењето кое е закажано за 11 часот ќе се појават мајката на Коста, Миљана, која доаѓа од слобода, и таткото Владимир, кој ќе биде изведен пред судот од притвор во ЦЗ каде што се наоѓа од масакрот.

На ова рочиште треба да се прочита обвинението, да се изјаснат обвинетите а во една третина од процесот ќе биде сослушано и самото момче убиец.

Во обвинението, кое Вишото јавно обвинителство го поднесе на 10 октомври 2023 година, се товарат родителите на момчето на убиецот како и сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб „Партизан“, каде Коста практикувал да пука во подвижни цели.

Апелациониот суд во Белград го потврди ова обвинение и тоа стана правосилно на 27 декември минатата година.

Со обвинението, Владимир К. се товари за тешко дело против општата безбедност, бидејќи го обучувал својот син да ракува со огнено оружје и го однел на стрелиште една година пред инцидентот во Врачар; не ги обезбедил адекватно своите два пиштоли кои што неговиот син ги зел и извршил грозоморно злосторство. Се бара да биде осуден на 12 години затвор.

Мајката на Коста, Миљана, чија ДНК беше пронајдена на чаура на местото на масовното убиство во училиштето во Врачар, е обвинета за недозволено изработување, носење, држење и тргување со оружје и експлозивни материјали. За неа била побарана половина година затвор.

Покрај родителите, во обвинението се и Ратко Ивановиќ, претседател на стрелачкиот клуб „Партизан практично стрелање“, како и Немања Маринковиќ, инструктор во тој клуб, кои се товарат за кривично дело давање лажен исказ, за кои обвинителството побара да бидат осудени на по три години затвор.

Back to top button
Close