Деркоски за Телма: ДИК има испланирани дејствија за изборите, чека протокол за нивно спроведување

Откако ќе го добие Решението за распишување на предвремените парламентарни избори од претседателот на Собранието, Државната изборна комисија (ДИК) ќе почне да го организира процесот со дејствија меѓу кои и ревидирање на Роковникот.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски смета дека новата вонредна состојба која се очекува да биде прогласена утре, ќе трае само за да се интервенира за денот на гласањето во среда и потоа ќе продолжат дејствијата за изборниот процес.

„Техничките активности  веќе подолго време ги работиме. Имаме веќе испланирани дејствија за Роковникот и штом ќе престане вонредната сопстојба ќе одржиме седница на која ќе го усвоиме формално Роковникот со кој ќе се предвидат останатите дејствија до денот на изборите“, изјави Дерковскиза „Топ тема “ на ТВ Телма

Од здравствените власти очекува протокол кој ДИК ќе го преточи во упатства и инструкции до избирачките одбори. Иако било објавувано дека постои таков протокол, рече тој, до ДИК стигнал само мејл со општопознати препораки за гласање.

Back to top button
Close