Десет станбени згради зафатени од пожар во Краснојарската област во Русија, нема повредени

Во Русија, во Краснојарската област, во градот Тајежное, избувна пожар што зафати 10 станбени згради, соопшти прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.

„Десет станбени згради се запалија во селото Тајежное во округот Кан во Краснојарската област. Топлото и ветровито време придонесе за брзото ширење на пожарот“, се вели во соопштението.

Во пожарот, во чие гаснење учествуваа повеќе од 70 лица, нема повредени

Back to top button
Close