Димитриеска Кочоска експресно ја потона фалбата на Мицкоски за Државни патишта: Со тие пари не можат ни рата за кредит да платат

Во обид да ги пофали новите директори по само еден месец работење, Мицкоски прво објави зголемување на наплатата во УЈП и Царинска управа, за месец во кој во овие институции се уште не беа сменети кадрите на претходната власт, а денеска објави дека и ЈП Државни патишта минатиот месец наплатиле повеќе пари од патарините во земјава. Ова пак не кореспондира со изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска која пак вели дека голем притисок којшто се прави врз Буџетот доаѓа од исплатата на гаранциите, односно кредити за одредени јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост коишто не се во состојба да ги вратат парите, а таков е случајот токму со „Државни патишта“.

-Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски ме извести дека на наплатните рампи во јули 2024 година има промет од 470.194.563 денари што е повеќе за цели 16.071.251 денари, споредено со истиот период лани, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Ова покажува дека тој не комуницира со министерката и ветува дека со парите ќе гради градинки, училишта, патишта, болници, нови работни места бидејќи Димитриеска-Кочоска во вестите на МРТ потенцира дека трошоците на Јавните претпријатија како што се „Државни патишта“ создаваат сериозна тежина врз Буџетот на државата.

– И наместо да обезбедиме 100 милиони евра за инвестиции во здравство, образование и слично, ние враќаме гаранции, односно кредити на јавните претпријатија коишто не се во состојба да ги вратат. На пример само за ЈПДП годинава сервисираме 90 милиони евра. Ако до минатата година ова претпријатие било во состојба да плати една рата во годината, сега не може да сервисира ниту една, потенцира Димитриеска-Кочоска.

Back to top button
Close