Димитров: Нон-пејперот е балканска ујдурма. Дури ни јазикот не соодвествува на англиската граматика

Потпретседателот за европски прашања Никола Димитров беше гостин на Утрински брифинг на Слободна ТВ и се осврна на актуелните теми поврзани со и за Балканот.

 

 

Во врска со односите со Бугарија Димитров вели дека на тој план не се случува ништо со оглед на тоа што Бугарија е пред трети вонредни парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со претседателските. Оттука, за него тој нон-пејпер што се појави во јавноста е сосема бесмислен.

-Сум гледал и многу нон-пејпери и многу официјални документи. Прво, можам да кажам дека самиот јазик со кој е напишан не соодветствува на англиската граматика. Оттука претпоставувам дека „документот“ е балканска ујдурма, или пак можеби потекнува од кај нас, но тоа е во сферата на шпекулациите, вели Димитров за Утрински брифинг.

И бугарската влада се огради од таквиот документ.

Во врска со односите со Бугарија, Димитров вели дека во овој случај, во односите меѓу Македонија и Бугарија, „историјата не е учителка, туку сме влезени во затворот на историјата“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close