Димова: Проектот за тренирање хрватско магаре и липицанер не е толку смешен колку што сакаше Тортевски да го претстави

Во програмата „Еразмус“ е дозволено да се пријави секој. Нема организација што не може да биде корисник, а во последно време во делот „Млади“ корисници можат да бидат и физички лица. Единствено е забрането за политички партии, соопшти на онлајн прес-конференција Лидија Димова, директор на Националната агенција за образовни програми и мобилност по обвинувањата околу распределбата на пари преку европската образовна програма.

Во врска со проектот за „тренирање хрватско магаре и липицанер“ за кое училиште од земјава добило 83.000 евра, директроката Димова рече дека  не е толку смешен како што некој сакал да направи приказна во јавноста и дека небулозата произлегла од адвокатот Александар Тортевски. Тоа не е случајно и смета дека имал, како што рече, „задна намера“, бидејќи Тортевски ја тужел Националната агенција откако му скратила средства за еден проект.  За 54-те илјади евра за Кипар и  т.н. гостопримство, пак, рече дека се работи за лошо преведен збор и дека “hospitality“ на американски значи угостителство.

– Се работи за угостителско училиште кое оди во Кипар, учат како да работат во нивните хотели и ресторани, и се враќаат назад. Јас не сфаќам што има толку лошо во тоа. Фамата и она што јавноста не го разбира е дека тие 54 илјади не ги зема трето лице, тие се за трошоци за двете организации во случајот. Исто и за проектот со магарињата – парите не ги зема само училиштето кое ќе оди таму, туку сите организации и меѓу себе си ги делат парите, рече Димова.

Посочи притоа дека во Еразмус-програмата постојат и т.н. повелби за стручното и високото образование и дека сите стручни училишта кои кога исполнувајќи строги услови ќе добијат повелба, автоматски добиваат пари, а не аплицираат.

Повеќе детали од прес конференцијата тука.

Back to top button
Close