Дино Имери: Онаму каде што Сара успеа да не поттикне и кај што е сега, е над овој свет

На Факултет за музичка уметност во Скопје денеска се одржа комеморација за Сара Пројковска, вонреден професор во оваа високообразовна уметничка институција, чиј живот згасна на 47 години во пожарот во дискотеката во Кочани, каде таа настапуваше на 16 март, како придружен вокал на групата ДНК, пренесува Телма.

Сара имаше заразна насмевка која преминуваше на секој со кој зборуваше зашто доаѓаше од нејзината душа, а сите колеги знаеја дека на шега кажуваше дека била сопруга на Бетовен во претходниот живот.

Ова го кажа пијанистот Дино Имери, кој со Пројковска заедно ја извеле Симфонијата бр.2 – став 2 од Бетовен во истата сала каде се одржа комеморацијата.

Тоа дело Имери го изведе пред присутните на комеморацијата.

Сите оние кои имаа задоволство да ја сретнат, да ја запознаат, нема да можат да ја заборават нејзината насмевка, нејзиното смеење, кое што беше толку заразно што не можеше кај соговорникот да не измами насмевка. Оние што подобро ја познаваа , знаеја дека тоа смеење доаѓаше од душата. Беше вистинско и афтентично. Сите ние , нејзини колеги, знаевме и знаеме дека нејзиниот најголем идол беше Бетовен. Често пати на шега и на смеа знаеше да каже дека била сопруга на Бетовен, во некој друг живот. И дека го носи и отсликува она што таа внатре, во себе го чувствува на најдобар начин. А, тоа е вечната борба на Бетовен. Раѓањето и смртта се само точки во физичкиот свет. Онаму каде што Сара успеа да не поттикне и кај што е сега, е над овој свет, кажа Дино Имери, пијанист

Back to top button
Close