Дипломатски пресврт: Иран нуди договор за отворање на Ормутскиот теснец
Висок ирански функционер изјави дека Иран доставил нов предлог со кој се предвидува отворање на Ормутскиот теснец за меѓународна пловидба и укинување на ограничувањата кон земјата, додека прашањето за нуклеарната програма би било оставено за подоцнежна фаза од преговорите.

Според предлогот, кој бил пренесен преку посредници, би се воспоставиле гаранции дека нема да има нови напади од страна на Израел и на Соединетите Американски Држави, а за возврат Техеран би го отворил теснецот, клучен за глобалниот енергетски транспорт.
Во подоцнежна фаза би се преговарало за ограничувања на иранската нуклеарна програма, во замена за укинување на санкциите. Иран инсистира дека има право на збогатување ураниум за мирнодопски цели, иако би можел да прифати негово привремено запирање.
Од Вашингтон беше соопштено дека предложениот план засега не е прифатлив, а американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека делови од понудата се неприфатливи за американската страна.
Според информациите, ситуацијата останува напната бидејќи повеќе од два месеца е нарушен поморскиот сообраќај низ Персискиот Залив, што има значително влијание врз глобалните енергетски текови. објави Скопје1.мк






