ДКСК ќе истражува како татко му на Андоновски станал советник на Мицкоски, а брат му – началник во АНБ

 

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска оформила предмет за министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, откако беше откриено дека неговиот татко Љупчо Андоновски станал советник на премиерот Мицкоски, а неговиот брат, Игор Андоновски, на крајот на декември бил назначен за началник на најголемиот, скопскиот сектор во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), објави „Телма“.

На прашањето од телевизијата упатено до претседателката на ДКСК, Татјана Димитроовска, генералниот секретар на Антикорупциската комисија, Адем Чучуљ, одговорил дека предметот е отворен по допрен глас и оти ќе се испитува концентрацијата на функции во семејството Андоновски.

Таткото на министерот, Љупчо Андоновски, во 2015 година беше назначен за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (од која подоцна произлезе АНБ), на местото на Сашо Мијалков. Функцијата ја напушти кога се пензионираше. Имињата на советниците на премиерот Мицкоски станаа познати пред осум дена, а иако повеќе медиуми ја забележаа концентрацијата на функции кај тројца членови на едно семејство, Антикорупциска отвори предмет дури откако деновив

 

Back to top button
Close