Дојави за бомби во дури 214 училишта во Белград

Во 214 училишта во Белград имало дојави за поставени бомби.

Дојавите пристигнале на емајл адреси на 148 основни и 66 средни училишта, соопшти Министерството за образование на Србија.

Според претходно утврдената процедура, објектите се евакуирани, а учениците ќе може да се вратат во училишните клупи, штом се утврди дека тоа е безбедно.

Екипи на Министерството за внатрешни работи се на терен и ги прегледуваат објектите, се додава во соопштението

Back to top button
Close