Добрила Кацарска е нова претседателка на Уставен суд

Судијката Добрила Кацарска е избрана за нова претседателка на Уставниот суд. Таа добила шест гласа „За“ од вкупно девет уставни судии, со што било постигнато потребното двотретинско мнозинство за избор на претседател на судот.

Кацарска беше избрана за уставен судија во ноември 2020-та по предлог на Судскиот совет. Беше судијка во Кривичниот суд од 86-та година.

Уставните судии денеска на затворен работен состанок избираа нов претседател на Уставниот суд по истекувањето на мандатот на сегашниот претседател, Сали Мурати.

Back to top button
Close