Додека не се изгласа ребалансот на Буџетот нема исплата на „Мој ДДВ“
Додека не се изгласа ребалансот на Буџетот, нема да има исплата на парите од „Мој ДДВ“. Директорката на УЈП Елена Петрова вели дека со сегашниот Буџет не се предвидени средства за исплата и дека е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечие.
-Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2024 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот – објаснува Петрова во интервју за Република.
Ребалансот на Буџетот за 2024 година треба да се изгласа во втората недела од август.