Додека се уште гори кај Стенковец, избија уште два нови пожари во Ѓорче Петров и Кондово

Тешка ноќ е пред скопските пожарникари, бидејќи додека се уште го гаснат пожарот во близина на Стенковец, избија уште два пожари.

Како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, од пред малку активни се уште два пожари на отворено и тоа на територијата на Кондово и на Ѓорче Петров.

Навечер гаснењето е возможно само од копно, а ер тракторите ќе можат да се вклучат дури наутро.

Back to top button
Close