Додик тврди дека Младиќ е убиен


Претседателот на СНСД, Милорад Додик, реагираше на веста за смртта на воениот злосторник Ратко Младиќ, кој отслужуваше доживотна казна затвор во Хаг за геноцидот во Сребреница и други воени злосторства во Босна и Херцеговина. Додик тврди дека на Младиќ не му била обезбедена соодветна медицинска нега, пишува Аваз.

Според него, држењето на Младиќ во притвор и покрај неговата сериозна здравствена состојба било нехумано, објави 4news.mk „Да имаше подобра медицинска нега, можеше да живее подолго. Механизмот го направил ова затоа што не знаеле како да излезат од оваа ситуација; тоа е нехумано“, рече Додик.

Како што објави АТВ, Додик се согласил со тврдењето дека смртта на Младиќ била еден вид „убиство“ и го навел случајот на Слободан Милошевиќ како пример. Тој, исто така, потсети дека бил сведок на одбраната на Младиќ и го пофали неговото, како што рече, „чесно однесување“. „Бев сведок на неговата одбрана и тогаш го видов неговото чесно однесување“, рече тој.

Додик, исто така, ја коментираше ситуацијата во контекст на други воени команданти.

„Нè боли фактот што Насер Ориќ шета слободно, а тој беше поголем џелат од Ратко Младиќ во Сребреница. Република Српска, без оглед на Сараево и притисокот од Западот, останува посветена“, рече Додик.

Back to top button
Close