Додик за одлуката на Шмит да ги блокира средствата на СНСД и Обединета Српска: Дали тоа е демократија?
„Дали тоа е демократија? На која основа го прават ова? – изјави Додик.
Како што пренесе бањалучкиот весник „Независне новине“, тој наведе дека поради санкциите што претходно му ги воведе САД, платата ја прима по пошта, дека е претседател на РС и дека не зема плата од партијата.
Високиот претставник во Босна и Херцеговина – Кристијан Шмит денеска во Сараево соопшти дека донел одлука да го блокира финансирањето на Сојузот на независни социјалдемократи и Обединета Српска, поради „нападот на Дејтонскиот договор и уставниот поредок на Босна и Херцеговина“.
„Средствата ќе бидат суспендирани и пренасочени на посебна сметка во Централната банка на Босна и Херцеговина“, рече Шмит.