Долниот дом на францускиот парламент одобри правото на абортус да влезе во уставот, предлогот оди на гласање во Сенатот

Долниот дом на францускиот парламент (Националното собрание) синоќа со огромно мнозинство го усвои предлогот, според кој, правото и гарантираната слобода на жените за абортус ќе се впише во уставот на земјата – ветување што го даде францускиот претседател Емануел Макрон минатата година.

Предлогот беше усвоен со мнозинство од 493 гласа „за“ и 30 „против“.

За ваквата уставна промена и официјално да стапи во сила, без никакви измени, сега треба да биде поддржана и од Горниот дом на парламентот. Многу членови на конзервативното мнозинство на Сенатот ја критикуваат формулацијата на предлогот, правејќи го неговото усвојување неизвесно. Тие се противат на впишувањето на правото на абортус во уставот на Франција, велејќи дека тоа не е уставно прашање.

Францускиот претседател Емануел Макрон минатата година вети дека ќе го вклучи правото на абортус во уставот на Франција – кое е легално од 1974 година, откако Врховниот суд на САД во 2022 година го забрани речиси полувековното национално уставно право на абортус

Back to top button
Close