Доналд Трамп Јуниор пристигна во Белград
Синот на американскиот претседател Доналд Трамп Јуниор пристигна во Белград каде што ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, го посети Белград за време на предизборната кампања во САД во септември минатата година. Тој тогаш организираше вечера за група бизнисмени во хотел во центарот на Белград.
Синот на американскиот претседател е еден од клучните советници на неговиот татко и одигра голема улога во изборната кампања на Доналд Трамп.
Доналд Трамп Јуниор е извршен потпретседател на Организацијата Трамп и ја води компанијата заедно со неговиот помлад брат Ерик.