ДРЖАВА “ПО НОВА МЕТОДОЛОГИЈА”!?

(Предновогодишно четиво)

Полнејќи ја безмилосно јавната администрација, на локално и централно ниво, политичките партии од двата спротивставени блока, во последниве две децении, за да ја издржуваат, на народот му наметнаа такви давачки од кои глава не може да крене.

Инвентивноста им е бескрајна, само небото е лимит!

Охрид, општината во која живеам, во моментов, има повеќе стотини вработени, кои, кога би биле, навистина, продуктивни, и по западни стандарди,  би требало да сервисираат мегаполис од милион души.

Во делот на надлежностите на локалната влсат, во Охрид на пример, одавна се наплатува данок за станови и куќи во кои не се живее, а во добар дел од нив и не може да се живее.

Еве, како тоа изгледа на личниот пример. Како деца живеевме во една приградска населба, во куќа од плитари, која ја надоградувавме, како стигнуваме до добата за формирање сопствено семејство.

Од четворицата браќа, тројца изградија свои, нови куќи, јас поскромно – купив стан. По смртта на родителите, се дели оставнината кај нотар, нотарот актот го испраќа во локалната самоуправа, а таму, по автоматизам, на сите што живееле во стариот трошен објект, сега затворен, му испорачуваат сметки за данок на имот. Малкуте бавчичка, што сме ја имале, сега, за сите. е градежно земјиште и на сите – сметка за данок на имот.Тоа што браќава физички не се поделиле, ниту пак знаат – кое чие е, ништо не значи. Знае општината.

Ова ги снајде и скопјани, како и жителите од други места, кои имаат викенд-станови во Охрид. Ги има со илјади, никнат нови населби, секоја со станови за по десетина илјади жители. Становите се купуваат, градежниците и општинарите се омрсуваат, а после – снаогај се како знаеш да дојдеш до паркинг место!

Е, малку ни беше ова, сега ќе не глобат и од државно ниво. Бислимоски, од Регулаторна, претура од празно во шупљиво, лецитира со проценти, обкјаснува како се дошло до новата давачка-пристап до мрежа.Дури и се мајтапи. Како тоа некој да има пет стана, а да не плаќа пристап до мрежа? Вели, во секој стан има штекери и прекинувачи и кога ќе појдел газдата, наогал струја. Некој мора да го одржува системот!

А,бе, Бислим, да не пукнеш ме насмеа. И со универзалните снабдувачи, кои те делкаат по ладни меани и претурањето, колку да не се сетат Власите! Еми, оти не ни кажуваш и за методологијата: кој коњ ќе го фатат, тој ќе го врши житото! Кажи отворено дека ние редовните (“дивите”), покриваме и за оние “питомите” од Арачиниово и нешто потаму и нешто наваму!

А, знаеш ли зошто Грујо “бегалецот!” реформата “Kasa Fiskale” , медиумски ја промовираше во Мала Речица? Чиче ќе ти каже-за Власите да мислат дека системот функционира на секоја педа,! А, ти знаеш колку (не)функционира. Не само во Мала Речица и Големо Коњари, туку насекаде. Прошетајте со другарка ми  Сања по села и грасдови. Пола гранапчиња и четвртина градежни стоваришта продаваат по методологијата: пара на рака – Мара за рака!

Системот, или системската глоба со електричната енргија, не е единствена. Инвентивни се и комуналците. Во мојот случај, за куќата во која никој не живее, ниту може, стигнуваат фактори за подигниување на смет, те за одвод на фекалии, те за колекторскиот систем, те ….

Никој не те разбира, ако логиката сакаш да им ја докажеш, затоа што зад нив, вв вториот ред, се извршителите кои само чекаат како настрвени орлови!!!

Бислимовски, не шашардисува со формулата: “нова методолгија”. Ама, неговата идеја веднаш ја прифаќа градоначалникот на Tетово и лидер на Беса, Билал Касами – Антикрст! Сега и тој ќе пресметува, “по нова методологија”. Вели: а не може да се плаќа исто. Наместо “по глава на жител”, сега ќе плаќате по “глава на квадрат”! Ако имате повеќер квадрати, сигурно и ѓубре повеќе создавате. Едноставна логика, нели!?

За впечатокот да ни биде комплетен, и како по договор,  се ни дојде како новогодишна честитка. Сите ни се истопорија пред празникот.

За пензионерите – уште една , дополнителна честитка. И пензијата нема да ја земате, како досега, пред први во месецот- туку после први, “по нова методологија!”. Разбирачка имал само Хари Костов од Комерцијална, те сега сите ќе се префрласме кај него. Ќе ја глодаме коската фрлена од поранешмниот прв полицаец и премиер, ама, всушност – БАНКАР!

За банкарите велат дека се како гајдаџиите сред село, пред коперација. На бабата ќе и земат грош, ако се фати на орото, ама. Три. гроша за да се пушти!

Ако може Хари, може и другар ми,  Оливер. Сите по нова, и тој –  “по нова методологија!”. А, не може, вели,  личните документи додека ви важат.  Оние “централните”. Има, новите, “северните”, да ги извадите до крајот на јануари. Кој не извади – нема пензија кај Хари пред први во месецорт (и годината)!

Да му објасниш логички дека државата е таа што треба да ги плати трошоците (не по наша воља, за сите документи – стотина евра по глава!), е исто како на општинарите во Охрид да им докажеш дека куќата во која не живееш и не е куќа за живеење.

Држ недај, народецот се постројува во редици пред полициските станици и шалтери. Си чека со часови, ако не стигнете денес, ќе дојдете и утре. Оливер не ни ги гледа маките, туку ни ги соопштува бројките кои му ги даваат за извадените пасоши и лични карти.

Медиумите, по некој, ќе напишат дека е тоа навреда, понижување, навредување на народецот што чека пред полициската станица Пролет во Скопје.

Мижи Асан, да ти бајам!

Нема каде и јас ќе вадам “северни”’. Кај сите Турци и Асан! Уредено, граѓански, си закажав термин, со чекање од три месеци. Ми дојде терминот ( измислен од Груевиот семинистер Нино), одам на шлтер, во ходиникот – стадион! На вратата за лични карти, ја прашувам едната од двете госпоги – како ќе влегуваме? Според терминот, или според  состојбава?

-Спред лугето што чекаат, демек, прв дојден прв услужен!

Нејсе, сега ќе одам пред вратата за пасоши. Ми дојде редот (според принципот- прв дојден…!) влегувам внатре. Две столчиња до зидот за сликање. На кое да  седнам?

-Седни на кое сакаш, ако треба ние ќе те преместиме.

Нејсе, ме кадросаа, ми го зедоа “централниот” пасош. Ами, му велам, дајте ми го пасшот.  Додека го чекам, новиот, можеби ќе затреба да патувам.

-Колку години, имаш, бе стриче?

Со Господ напред, од април догодина, ќе влезам во 76-та.

-Хм, ќе патувал!? Абе, знаеш (му вели на колегата) дојде еден роден ..32 година. Ќе патувал? Се знае каде тој ќе патува !!!

Нејсе, ја разбрав пораката.

Значи, пасошот не можам да го задржам додека не дојде новиот?

-Само ако си ја земеш назад пријавата, вели шеретиов!

Би како би, сега ќе одам пред шалтер-вратата за возачката дозвола. Момчето ме изненади, со ново, овој пат, пријатно искуство.

-Не ти се исплати, бе чиоче,  да вадиш нова возачка, ќе ти важи само до април догодина. Пак ќе треба да вадиш нова. Толку ти се годините!!!

Исплатило не исплатило, потребно ми е возилото. Пак ќе вадам. Но за љубезноста и советот, за учтивиот прием, сакам да ве пофалам. Можам, дури, и кај другар ми Оливер. Заслужувате, на другиве две врати полошо поминав.

-Во ходникот има книга за пофалби и критики!

Е, сполајти, таму ќе напишам. Одам кај книгата, во едно ќоше, што да ви кажам. Наместо во книгата, “задоволните пациенти”, беше ти пишувале на зидот (на плачот)!!!

Бегај стриче, додека те нога држи!!!

Среќна ви Нова, Орвеловска! (Крај) Веле Митаноски

Back to top button
Close